Керозин

1955 Ford Fairlane

Во 1955 година, Ford понудил комплетно редизајниран модел – и внатре и надвор. Новиот дизајн се карактеризирал со подолги, пониски и пошироки каросерии  – од која најниска за тоа време била новата Ford Crown Victoria, која всушност претставувала првиот затворен автомобил на компанијата со висина под 1.5 метри.

Како врвен автомобил за 1955 година, линијата на Fairlane се карактеризирала со хромирани лајсни околу прозорците и “А” столб, хромирани лајсни од страните на вратите и хромирани прстени околу фаровите. Името Crown Victoria е изведено од нерѓосувачката линија која го “Крунисува” покривот која е исто така позната “тиара” линија.

Напиши коментар