Дестинации

Празнична еуфорија во „златниот град“- Прага

Кога европските градови би биле раскошен ѓердан, тогаш Прага би била дијамант меѓу бисерите. Чешката метропола позната како „златниот град “ претставува омилена дестинација за туристите, не само поради знаменитостите, туку и поради прекрасните објекти. Се препорачува прага да ја посетите за време на Декември. Тогаш се поставуваат Божиќните саеми а и време е за Божиќните попусти.

Ако се најдете во стариот дел од градот, на штандовите од саемот ќе видите огромна понуда на традиционални Чешки украси, топчиња од стакло, во сите бои, можете да пиете чај, пиво и прекрасно варено вино, да јадете пецива кои се топат, поховано сирење или да јадете лут колбас со желе.

Стара поговорка вели дека најдобрите работи во животот се бесплатни. Од тука со оглед на попустите кои ги има во овој период, и фактот дека ќе имате можност да бидете дел од прекрасните мостови, раскошните дворци – Прага ви стои на располагање. Особено ако сте гурман…не смеете а да не ја посетите за време на Божиќ.

Write A Comment