Убавина

8 Трикови за меки дланки и на ладно време

Рацете се оние кои се на удар, и покажуваат колку ние се грижиме за себе си. Сигурно не оставате впечаток на лице кое се грижи за себе доколку рацете ви се испукани и суви.

Затоа ви нудиме 8 трикови со кои ќе си помогнете и вашите дланки ќе бидат меки и нежни и покрај тоа што надвор е ладно и ветровито.

Во средството за миење садови капнете неколку капки бадемово масло.

Направете пилинг на дланките, така што во исцеден лимон ќе ставите крупна сол. Благата масажа ќе ги отстрани мртвите клетки од дланките.

Рацете измијте ги со топла вода, а потоа со пешкир или крпа добро истријте ги.

Пилинг може да направите и со маслиново масло и една лажица шеќер.

Потопете ги рацете во загреано млеко. Тоа ќе ја навлажни кожата, а воедно и ќе ви ги зајакне ноктите.

Доколку сакате да се решите од заноктиците, решението побарајте го во маслиновото масло. Измасирајте ги рацете и во таа прилика со врвовите на прстите притиснете ги омекнатите заноктици.

Во кремата за раце капнете и неколку капки масло од бадем.

Направете сама крема за раце така што ќе измешате една белка, две мали лажици ружина вода, една лажица мелен јачмен и глицерин. По оваа крема рацете ќе бидат перфектно мазни и меки.

 

Напиши коментар