ШоуБиз

Адел ги победи сите, таа е изведувач на годината

Британската пејачка со извонреден глас, Адел е прогласена за изведувач на година 2011 од музичкиот магазин Билборд.

Адел се најде на првото место на листата, а зад себе ги остави Ријана, Кети Пери, Лејди Гага и Лил Вејн. Инаку, билбордовата листа е составена врз база на продажба на албуми, пласман на песните на топ листите, како и на емитувањата на радио и телевизија.

Меѓу десетте најдобри се најдоа и Бруно Марс, Ники Минаж, Тејлор Свифт, Џастин Бибер и Крис Браун.

Албумот на Адел беше најпродаваниот албум оваа година со продадени 4,8 милиони копии, а песната „ Rolling in the deep” е прогласена за најпопуларна песна во годината.

httpv://www.youtube.com/watch?v=rYEDA3JcQqw

Write A Comment