ШоуБиз

Адел на операција… нема настапи!

Адел веќе одамна има проблеми со грлото, а се чини дека состојбата ѝ е далеку полоша отколку што сите мислевме. Имено, откако ја откажа американската турнеја, пејачката е присилена да ги одложи сите концерти до крајот на 2011 година. Адел ќе мора да го оперира грлото, а потоа неколку недели да се опоравува. Докторите сметаат дека Адел целосно ќе оздрави, но ќе треба да помине извесно време пред таа да продолжи со пејачката кариера.

–     Со голема жал морам да кажам дека Адел е присилена да ја откаже турнејата и сите настапи до крајот на годината. Ќе оди на операција за да ги реши проблемите со грлото. Се очекува комплетно да оздрави. Докторите препорачуваат да ги одмора гласните жици и дури откако целосно ќе си го поврати гласот да настапува. Им се извинуваме на сите за ова разочарување,- изјавил портпаролот на Адел.

Инаку, Адел се бори со болеста веќе подолго време, а очигледно операцијата е крајно и единствено решение.

Напиши коментар