ШоуБиз

Адел: Се откажувам од се, само да ми се врати дечкото!

Пејачката Адел која се прослави со депресивните песни „Someone Like You“ и „Rolling In The Deep“, за едно интервју изјавила дека би направила сè само да се смири со поранешниот дечко. Додава и дека била неутешна по раскинувањето и целата тага ја претворила во музика и текст.

–   Вкусот на славата е истовремено и сладок и горчлив. Мислам дека би се откажала од сето тоа, само да не се случеше раскинувањето. Во исто време, би направила било што само да сме повторно заедно. Многу ми недостига. Тешко ми е да ги пеам песните, бидејќи секогаш ме потсетуваат колку бевме среќни кога бевме заедно, но и колку бевме трагични кога повеќе не бевме добри еден кон друг, – изјавува Адел.

За жал, славата и парите не се доволни за Адел да почувствува целосна среќа. А, можеби љубовта повторно ќе ѝ се врати. За тоа ќе мора да почекаме и да видиме каква ќе биде реакцијата на бившиот.

Write A Comment