ШоуБиз

Адел се сели на село! Смогот ѝ штетел на гласот…

Адел планира да се исели од Лондон од страв дека високото ниво на загаденост во воздухот таму може серизно да му наштети на нејзниот глас.

Пејачката која преку ноќ се прослави бара дом во Западен Сасекс, со цел побрзо да оздрави по хируршкиот зафат врз нејзините гласни жици пред еден месец. Иронично е што баш во 2007 година, во својата песна „Chasing Pavements“, Адел пее дека го обожава градот каде воздухот е толку густ и загаден.

Кога докторот и предложил дека е многу подобро за неа да се пресели надвор од Лондон, барем додека ѝ се подобри состојбата, Адел веднаш се согласила да се тргне од смогот и загадениот воздух.

Write A Comment