Една од моментално најдобрите пејачки и вокали на светот Адел, откажа бројни настапи од причина што мораше да оди на операција за гласните жици. Сликана е за прв пат откако ја напуштила болницата и на тие слики може да се забележи дека таа е доста ослабена.
Наизглед нежна и емотивна, но Адел секогаш знае да упати тешки и силни зборови кон тие што ѝ одат на нерви.

По операцијата папараците веднаш ја фатиле како се движи накај дома и од сликите може да се види дека Адел прилично ослабнала, макар што слободно може да се каже дека таа никогаш не се преоптоварувала со својата тежина и изглед.
Кај неа во прв план секогаш е гласот. За жал, Адел не може никако да се откаже од својот најголем порок – цигарите.

