ШоуБиз

Агилера си ги заборавила панталоните?!?

Пејачката Кристина Агилера излезе на вечера со својот дечко, а беше облечена само во маичка и мрежести хулахопки.

Таа очигледно нема никакви комплекси поради вишокот килограми. Гордо се прошета со дечко си облечена само во маичка.

Над маичката и хулахопките си ставила една кожна јакна, и „директ“ на вечера со Мет Рутлер. Оваа необична комбинација, Кристина ја зачинила со чевли кои далеку понормално би одговарале со некој вечерен фустан.

А, за шминка да не зборуваме! Такво нешто речиси и немаше на Агилера. Заклучок, воопшто не се трудела да се среди за ова излегување на вечера. Како и да е, од сликите се гледа дека Агилера и покрај несредениот изглед е доста среќна со партнерот.

Напиши коментар