Sweet Home

Аглести полици

Ќошињата во домот обично се празни и незабележливи. Полиците за ќошиња претставуваат одлична прилика да се ослободете од сите ситници кои ви го окупирале  станот, а воедно и да допринесете во уредувањето на Вашиот дом.  Дали ќе се одлучете за класична, едноставна варијанта на ваквите полици, или за некоја која самата по себе кажува нешто, нема да згрешите.

Во колку се одлучете Вашите ќошиња да ги украсете со „летечка“ аглеста полица, внимавајте да не претерате со стварите кои ќе ги ставете на неа. Ова е одлична можност да му дадете акцент на тој дел од просторијата, така што ќе ставете само една ствар која е сосема доволна сама по себе, или пак ќе ставете една главна ствар која ќе ја украсете со додатни ситни декорации.

Исто така можете да изберете аголни полици кои се разликуваат од оние на кои сме навикнале. Можат да бидат изработени од цевки, во било која боја, потоа затворени од горната страна, или пак некои асиметрични.

Ако сакате ѕидната полица да има повеќе од едно ниво и да биде во ќош кој се гледа од подот до таванот,  добро размислете за позицијата на која ќе ја сместете. Кој вели дека тоа мора да биде точно на средина? Понекогаш поефектно е полицата да биде поблиску до таванот  или подот.

Сакате да имате полица која никој досега ја немал? Украсете ги нејзините страни со Ваши слики. Дали ќе бидат тоа слики од Вашата фамилија, животни, природа ( или што било друго  што вам ви се допаѓа) ќе дадете свој личен печат на самата ствар.  Додадете уште  некоја ситница, и секогаш кога ќе погледнете во тоа ќоше бидете горди што се разликувате од другите.

Ако имате многу книги кои ви се  насекаде по куќата, или стојат некаде по кутиите и плакарите? Зошто не би ги искористиле и со нив го украсете просторијата? Одлично место за нив би бил просторот над работната маса, а во колку ја немате, во ќошето можете да ставете од полиците. Секогаш пред книгите можете да ставете некоја украсна  ситница ( фигуричка, свеќа, држач за книги ).

Уште еден добар начин да ги збогатете ќошињата, е да поставете подни аглести полици.  Ги има разни  видови, и сигурна сум дека секој може да пронајде некоја по свој вкус.  Дрвените полици, било да се обоени,  или пак да се со природната боја на дрво, му дават топлина на просторот. Внимавајте да не претерате со декорацијата  а со тоа и да ја пренатрупате полицата  па да добиете спротивен ефект.

Дали Вашиот дом е уреден модернистички, или пак го поседува духот на некое далечно време, нема да погрешете ако се одлучете за полица со елементи на метал или железо. Иако на прв поглед може да делува „ладно“, со неговото аранжирање ќе ги ублажете металните делови.

За сите оние кои сакат да си ги украсат ќошињата со полици кои сами по себе се декорација, имам неколку совети.

Внимавајте полицата да не отскокнува премногу од останатиот простор.

Не ставајте многу големи ствари на неа за да не го одвлекува вниманието од себе.

Ако има повеќе нивоа, фокусирајте се на еден главен,  него нагласете го, а останатите минимално украсете ги.

Украсете еден ќош во Вашиот дом, за кога ќе дојде било кој кај вас, остане без здив.

Напиши коментар