ШоуБиз

Ај погодете која е дамава!

На сите ни е јасно дека таа е веќе во години, но исто така беше познато и дека таа многу убаво знае да им се спротивстави на годините и да изгледа фантастично. Но, еве, и на неа може да ѝ се случи да ја забележиме во вакво несјајно издание.

Ако досега не ви стана јасно за кого се работи на сликава, ќе ви помогнеме. Се работи за Шерон Стоун. Не знаеме што е причината за еден ваков стајлинг, дали недостаток на инспирација или кавга со фризерот и шминкерот, но како и да е, не смеела да си го дозволи ова. Бледата Стоун инаку, тука е тргната на шопинг, а изгледа како да ѝ потонале сите бродови.

Не дека претеруваме со коментариве, но еве, и самите направете споредба помеѓу двете слики и тие ќе ви кажат многу повеќе од нас.

Напиши коментар