ШоуБиз

Актерски лек за депресија… на Кристен и помогна:)

Депресија… кој ли само не пати од неа во оваа стресна денешница? Кирстен Данст, актерката која веќе со години се бори со депресија, успеа да ја преброди тешката психичка состојба и тоа благодарение на соработката со данскиот режисер Ларсон вон Триер.

Американската актерка својот проблем го решила снимајќи го филмот „Меланхолија“ чијшто режисер е данецот Ларсон вон Триер.

Имено, тој важи за еден од најдепресивните режисери кој релативно малку разговара со своите актери. Меѓутоа, неговата соработка со Кирстен се покажа како лек и за двајцата. Кирстен во новиот филм ја глуми младата и депресивна Џастин.

–        Нема што не би снимила со Ларсон. Обожавам да работам со него. Многу ми помогна. Ми ги довери сопствените искуства со депресија, а тоа ми помогна и мене да се отворам и да се соочам со сопствената депресија, – изјави актерката на лондонската промоција на филмот.

–        Одлично се сложувавме на снимањето. Ларс генерално соработува со жени и во таквата околина ми беше многу полесно да ѝ се препуштам на улогата на ранлива и депресивна мајка. Ларс не сака многу да зборува, а тоа е нешто што доста го ценам кај луѓето, – објаснува Кирстен.

Write A Comment