ШоуБиз

Ал Пачино сеуште сака забава

Ме нарекуваа најголем ерген во Холивуд, затоа што никогаш не застанав пред олтар, но сум бил во долгогодишни врски. Се чувствувам исто како да сум имал неколку неуспешни и пропаднати бракови позади себе. Никогаш не сум криел дека уживам во друштво на убави девојки и забави- кажа Ал Пачино.

Глумецот стигна на филсмиот фестивал во Венеција. Тој дојде за да му ја предадат наградата за голем допринесување во филмската уметност и за да го промовира својот филм “Divlja Salome”. Актерот вчера се забавуваше на забавата во хотелот, која ја организираа во негова чест. Се појави во бела кошула и тоа откопчана, исто како што ја носеше пред 30 години во филмот Лице со лузна.

Многубројни млади убавици едвај чекаа да го запознаат Ал Пачино. Глумецот се забавуваше до утринските часови. Никогаш не го сметаа за убавец, но имиџот го доби од добрите улоги на лошо момче па девојките почнаа да лудуваат по него.

Напиши коментар