ШоуБиз

Алба во топ форма!

Џесика Алба му го посвети завчерашниот ден на своето семејство. Со сопругот Кеш Ворен и со двете ќерки беше на прошетка, а потоа денот им заврши во еден холивудски ресторан. Прекрасната мајка по пат си се почасти кафе, а таткото се грижеше за работите поврзани со бебето. Поголемата ќерка на Џесика, Хонор дури и позираше пред папараците, а двомесечната Хевен беше мирна во количката.

Фотографите успеале да ја фатат малата ќерка, која најверојатно ќе биде убавица на мајка ѝ. Инаку Алба, како што може да се види, комплетно си ја вратила старата форма на телото и кој би рекол дека само пред два месеци се има породено со второ дете. Таа вели:

–        Хонор личи на татко ѝ, а најмногу се изненадив кога видов колку Хевен личи на мене.

Напиши коментар