Chrysler сега е контролиран од страна на Fiat, кој е всушност сопственик на Ferrari, како и Alfa Romeo. Новиот модел беше прикажан во март 2011 година во авто салонот во Женева, Швајцарија како 4C концепт, односно компактно спортско купе со централно поставен мотор. Алфистите мора да бидат воодушевени од вештиот изглед на новото хај-тек купе со 2 седишта со забрзување од 0-100 km/h во време подолу од 5 секунди.

Во должина таа изнесува 4 метри – еднаква на должината на моделот Mito. 200 коњски сили се сместени во 1,7 литарскиот турбо бензински мотор, сместен во средината, со погон на задните тркала – позајмен од моделот Giulietta со брзина над 250 km/h.

Алфа 4C поседува двојна ламела и опција за динамична контрола исто така, заедно со широка употреба на карбонски и алуминиумски елементи. Всушност, автомобилот не тежи повеќе од 850kg, што е навистина ултра-лесно. Звучи неверојатно, нели? Спортски двосед со мотор со централна поставеност и изглед за кој се убива и најдоброто од се – Alfa најавува дека 4C ќе биде достапен на пазарот во 2012 година.

Напиши коментар