Иако никогаш за него не би ни помислиле дека има било каква врска со црквата, испадна дека Алис Купер е голем верник.
Неговото вистинско име е Винсент Фурниер, а верувале вие или не, од неодамна предава веронаука во едно училиште.
– Вреди да ги видите лицата на луѓето кога сфаќаат дека јас ќе им држам предавања за Библијата, – се нашалил Алис Купер.
– Алис мрази цркви, но јас одам на миса секоја недела, – додал, одвојувајќи се така од своето алтер его.
Покрај предавањата, Алис и понатаму прави концерти, а во тек е неговата европска турнеја.