ШоуБиз

Алиша Кис повторно во помош на болните

Пејачката Алиша Кис, со помош на својата организација, на аукцијата на која учествувале познатите ѕвезди, успеала да собере над 400.000 долари за помош на африканските и индиските деца заболени од ХИВ.

„Црниот бал“ кој го организирала фондацијата на пејачката, приредил аукција во која учество земале многу познати личности. Една вечера со актерите Едвард Нортон и Наоми Вотс е продадена за 25 илјади долари, а доживотно членство на голф терените на Доналд Трмап го чинело голферот 180 илјади долари.

За време на вечерта се покажани потресни слики од децата во Индија кои се борат против ХИВ вирусот и кои поради тоа се исфрлени од своите домови.

Освен Алиша, вечерта настапиле и Ашер, Ричи Самбора и Нора Џонс. На манифестацијата присуствувале и тенисерката Серена Вилијамс, актерите Дејвид Аркет и Квин Латифа, како и моделот Тајра Бенкс.

Write A Comment