Сите го знаеме по неговите улоги во некои од најпознатите комедии и може да ве зачуди кога ќе го видите во вакво акционо издание. Бен Стилер е забележан на Хаваите како спортува на вода и како што можете да забележите на сликите, тој е доста поголем од вообичаено.
Покажувајќи импресивни и тонирани мускули, многумина би го помешале со друга холувудска ѕвезда, од причина што никогаш не сме го виделе Бен така масивен и добро граден.
На една од сликите може да се види како познатиот Зулендер зборува со една непозната бринета. Неговата жена, Кристин Тејлор ја немало никаде на видик. Дали комичарот Стилер го очекува некоја голема улога, е тоа допрва ќе видиме!

