Дестинации

Амалфи

Амалфи е мало гратче и во провинцијата Салерно во Италија.

Амалфи лежи на почетокот на длабока клисура, опкружено со драматични карпи и крајбрежни сцени. Во минатото Републиката Амалфи била важен поморски трговски центар. Во 1920 – те години Амалфи бил многу популарна дестинација за британската аристократија.

Главна одлика е средновековната архитектура која плени со својата разновидност. Овде се е навистина „скоцкано“, нема нешто што недостасува, рај за вљубениците во средновековните архитектонски стилови. Главната катедрала  „Saint Andrew’s Cathedral“ која се наоѓа на врвот на ова мало но прекрасно место, е една од најубавите катедрали во светот.  Крајбрежјето на Амалфи е вистинското место за починка. Извонредни ботанички гради, овде пиењето кафе и јадењето пица  е незаменливо искуство. Погледот кон отвореното море ги полни вашите животни батерии.

Се на се навистина прекрасно место за мирна и живописна прошетка.

 

 

 

 

 

Напиши коментар