ШоуБиз

Ана Курникова и Енрике чекаат бебе?

Поранешната тенисерка Ана Курникова го зачна прашањето дали е навистина бремена со изјавата дека нема да се појави во следната сезона на шоуто “The Biggest Loser”. Таа не дала никакво објаснување зошто нема да се појави, па тоа беше доволно за американските таблоиди да започнат со ширење на веста дека Ана и Енрике чекаат принова.

Оваа вест ја потврдува и еден папарацо кој случајно го фатил парот во Мајами каде Ана носела бело бикини кое јасно го откривало нејзиното заоблено стомаче. Инаку Ана и Енрике се во врска 10 години и веќе и двајцата имаат изјавено дека сакаат дете.

Write A Comment