Андреа Бочели и неговата вереница Вероника Берти го очекуваат своето прво дете. Салвниот 53-годишен тенор и Вероника оваа вест ја откриле пред сите, пред една недела, и тоа на хуманитарна вечера во Лос Анџелес. Додале и дека се работи за девојче.
На славниот Италијанец ова му е прво девојче, а од првиот брак со Анрика Чензати ги има двата синови, Амос и Матео.
Вероника и Андреа се заедно веќе четири години, а нивната љубов се родила за време на заедничкото снимање на две песни. Моментално тие живеат во Лучија, во областа Тоскана.
