ШоуБиз

Ангелите позади сцената на “Victoria’s Secret”

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа позади кулисите, кога ѕвездите на „Викторија Сикрет“ се поготвуваат за ревија? Тука можете да видите неверојатни трансформации.

Од сликите се гледа како армијата од убавици, облечени во розеви свилени ноќници со знакот на „Victoria’s Secret“, меѓу кои и Миранда Кер и Адријана Лима, стануваат малку поинакви од тоа што навистина се. Се нанесува многу шминка и се прават волшебни фризури. Сепак, ако искрено зборуваме, мораме да признаеме дека „ангелите“ изгледаат прекрасно и без шминка.

Тука, на драго срце позираат за фоторепортерите и еве што излезе од целата задкулисна фотосесија. Миранда Кер позира до градникот „тежок“ 2.5 милиони долари, кој треба да го носи на ревијата во Њујорк која е планирана цела една година.

 

 

Напиши коментар