Ангелските водопад се најголемиот водопад во светот. Неговата висина изнесува 979 метри, а слободниот пад на водата изнесува 807 метри. Водопадот се наоѓа на малата река Чурун ( притока на Карони) во националниот парк Канајма, во регионот Гран Сабана во Венецуела. Висината на водопадот е толку голема што водата при падот е претвора во магла пред да падне на земјата.

Има интересна приказна за овие прекрасни водопади.

 

Водопадите з прв пат се откриени на 16 ноември 1933 година од страна на американскиот авијатичар Џими Ејнџел. Тој бил во потрага по рудни наоѓалишта, но во еден момент здогледал прекрасен призор, пред него се појавил Ангелскиот водопад. Џими бил толку возбуден што пробал да ги прелета ниско за да ги види поубаво. Но авионот кој тој го пилотирал доживел несреќа и Џими со неколку соработници 11 дена биле изгубени во џунглата, пред да бидат спасени.

 

Водопадите го добиле името по нивниот пронаоѓач, и оттогаш па до ден денес се една од најзначајните туристички атракции во Венецуела. Патот до водопадите и денес не е едноставен, затоа што се наоѓаат изолирани во џунглата Гран Сабана.

 

Напиши коментар