Дестинации

Angkor Wat- градот кој крие многу тајни

Овој град, изграден некаде околу 800 – та година, некогаш бил главен град на Империјата на Кмерите, се наоѓа во денешна Камбоџа и е еден од најважните археолошки локалитети во источна Азија.

Скриен меѓу илјадагодишна шума, денес под заштита на УНЕСКО, овој град крие многу тајни.

Овде има преку илјада религиозни објекти, од мали светилишта, Та Пром, Бајон, Ангкор Том итн…, па се до огромниот Ангкор Ват, сите посветени на будистичката религија.

Ангкор Ват е џиновски комплекс храмови, што зафаќа површина од 2 квадратни километри и е најголемиот религиозен објект во светот, и прекрасен пример на кмерската архитектура.

Со сателитски снимки и други модерни техники, интернационален тим на истражувачи успеале да докажат дека Ангкор бил најголемиот пред – индустриски град во светот, имал многу развиена инфраструктура, а се протегал на површина од над 1000 квадратни километри, и се претпоставува дека овде живееле еден милион луѓе.

Напиши коментар