ШоуБиз

Анистон му го уништила животот?!?

Грегори А. Марсик одбрал многу оригинален начин да го привлече вниманието на јавноста. Тој е инаку бездомник и наводно, за неговата несреќа во животот е виновна Џенифер Анистон.

–    Џенифер Анистон е груба и без срце, ми го уништи животот и американскиот сон, – пишува на натписот бездомникот Грегори.

Инаку, Грегори ја запознал Анистон за време на снимањето на филмот „Break Up“ каде тој бил статист, но бил исфрлен од снимањето под обвинение дека нападнал група жени. Телохранителот на Анистон убаво го натепал, по што животот на Грегори тргнал надолу и тој станал бездомник.

Што се однесува до Анистон, таа неодамна се појави во едно доста секси издание, односно во краток и деколтиран фустан со кој ги остави без здив сите присутни на прославата од годишнината на списанијето „Elle“.

Напиши коментар