ШоуБиз

Анистон не се мажи, никогаш!

Актерката Џенифер Анистон ги демантираше гласините дека ќе се мажи за дечкото Џастин Тирокс. Изјави дека еднаш веќе беше мажена и дека не знае дали тоа ќе се повтори .

Инаку, Анистон мораше по втор пат да негира дека се мажи и дека очекува дете. На пресконфернецијата на која беше претставен нејзиниот филм „Пет“ изјавила дека не е сигурна дали сака повторно да се омажи.

–     Еднаш бев во брак и не знам дали пак би го направила тоа. Но, можам да ви кажам дека моментално немам такви планови. Сфаќате?, – се изјаснила актерката.

–  Не сум ни трудна. Од неодамна престанав да пушам, па се здебелив неколку килограми, – додава.

На едно друго интервју Анистон кажа дека не е очајна бидејќи нема деца и дека и тоа ќе си дојде на ред. Инаку, Анистон купила апартман вреден 8,7 милиони долари, а во него планира да живее со дечко ѝ. Наводно, во станот има и две детски соби, една розева и една плава.

Напиши коментар