ШоуБиз

Анистон сонува за тивка, романтична венчавка во Мексико… и јас исто:)

Немојте да се изненадите ако Џенифер Анистон до крајот на оваа година се реши да го изговори судбоносното „да“ на некоја од плажите во Мексико. Едноставна, но романтична венчавка е тоа за што Анистон сонува.

По големото разочарување од бракот со Бред Пит во 2005 година, Анистон повеќе пати влегуваше и излегуваше од необмислени врски за конечно да го сретне вистинскиот маж за неа, Џастин Тирокс. Во тоа се сложуваат и сите нејзини пријатели.

–  Џенифер зборува за романтична венчавка на плажата Сан Лукас во Мексико. Овој голем ден за неа треба да се случи многу брзо, – тврди извор близок до неа.

Кога пред 11 години Анистон се омажи за Бред Пит, спектаклот за свадбата во Малибу ги чинел еден милион долари. Овој пат, повторно ќе има плажа, песок и море, но венчавката нема да биде толку спектакуларна.

–   На Џенифер ѝ се допаѓа идејата да долета со авион до плажата во Мексико и да се венча босонога во летен фустан. Таа би сакала сè да се одигра спонтано и не сака раскошна и комплицирана церемонија како таа со Бред. Оваа венчавка нема да биде за покажување, нема да биде шоу. Тие двајца не сакаат џиџи-миџи.

Write A Comment