Откако во италијанското издание на списанието „Вог“ се појави шокантна фотографија на преслабата 19-годишна манекенка Карли Клос, уредниците на списанието решиле да ја тргнат сликата од сајтот.
Инаку, Карли Клос се наоѓа на насловната страница од декемвриското издание на ова популарно списание, а внатре се наоѓа фотосесија чиј автор е фотографот Стивен Мајсел. Насловот на фотосесијата е „Тело според Клос“, а во поднасловот стои „Ново тело“.

Меѓутоа, не се сите воодушевени од преслабото тело што го виделе, па од читателите имало доста бурни реакции. На страната се развиле бурни расправии, а заклучокот е дека манекенката изгледа како да боледува од анорексија.
– Ова е анорексија. Жените не треба да изгледаат вака. – стои во коментарите на читателите.

