Керозин

Aстон Мартин DB9

Астон Мартин DB9 е спортска кола која била претставена од Астон Мартин во 2004. Овој модел е првиот автомобил кој бил произведен во фабриката на Астон Мартин во Варвикшир, Англија. Кратенката „DB” доаѓа од иницијалите на Дејвид Браун, сопственик на Астон Мартин во поголемиот дел од постоењето на компанијата. Астон Мартин DB9, кој е дизајниран од Јан Калум, и завршен од неговиот наследник, Хенрик Фискер, го наследи Астон Мартин DB7, кој исто така бил дизајниран од Јан Калум.

 

Oвој автомобил има две варијанти: купе и кабриолет, кои имаат 470 коњски сили и 6.0 литарски 12 цилиндричен мотор. Всушност, овој V12 мотор е причината што Астон Мартин не ја нарекол оваа кола „DB8,” бидејќи ова име можело да сугерира на мотор со 8 цилиндри. Во фабриката Гејдон, во Варвикшир, каде се произведува овој автомбил, се произведуваат 5.000 единици годишно.  Овој автомобил е првиот Астон Мартин автомобил кој бил дизајниран и развиен според алуминиумската ВХ (вертикална/хоризонтална) платформа на Форд. Во соработка со истражувачкиот тим на Форд тие успеале да ја намалат тежината на ова возило за 11,8 килограми.

Цената на новиот модел од 2011 се движи од 187.000 па се до 201.000 долари.

Напиши коментар