Астон Мартин Рапид е спортски автомобил со 5 врати. Моделот бил претставен од реномираната автомобилска компанија Астон Мартин на почетокот на 2010 година. Прво бел претставен како концепт во Интернационалното авто шоу на Северна Америка во 2006 година. Името Рапид произлегува од Лагонда Рапид, кола произведена од Лагонда, која сега е дел од Астон Мартин. Колата е базирана на Астон Мартин DB9. Основната цена на Астон Мартин Рапид е 199.950 американски долари, и првите автомобили биле продадени во мај 2010 година.
Рапид е произведен во Магна Стејур фабриката во Грац, Австрија. Производството започнало во 2010 година и фабриката произведува по 2.000 автомобили годишно.
Стандардните карактеристики на Рапид се: косиот-телескопски волан, би-ксенонските предни светла и LED странични светла. Кожата е стандардна, со метални додатоци; моќни предни седишта со меморија, ладење и топлење; блутут; сателитско радио; и можност за поврзување на USB и iPod. Исто така има Bang & Olufsen 16 звучен музички систем.