Дестинации

Аурора – ремек дело во Алјаска

Уникатни сте и сепак не ве задоволуваат егзотичните, секојдневни и комерцијални понуди со зимска програма ? Барате нешто посуптилно ?

Еве идеја…

Конструиран од светскиот првак во изработка на скулптури, Стив Брајс, ледениот музеј, истовремено и хотел- Аурора, кој се наоѓа во склоп на комплексот Чена Хот Спрингс е прогласен за најуметнички хотел во светот. Уникатната услуга во барот, светките од каминот и петте канделабри кои рефлектираат бои на кристално белата површина, даваат ефект кој може да се произведе само во анимираните бајки.

Всушност, овде и обичниот сувенир, реквизит, ентериерот, екстериерот се производ на умешните раце на скулпторот кој од мала идеја дојде до реализација на прекрасно место. Бидете дел од договорот меѓу Стив Брајс и мајката природа – посетете го ова неверојатно ремек дело во Алјаска.

Write A Comment