Кралицата на поп музиката Мадона и раперката Ники Минаж соработуваат за најновата заедничка песна „Give Me Your Love“. За песната снимаат и спот, а пред медиумите откриле дека за време на снимањето се бакнале.
Ники искуството го споделила и на својот Твитер профил:
– Само што ме бакна Мадона! Во уста! Беше преубаво! Толку меко! Ќе се онесвестам!
На прашањата на фановите дали бакнежот бил подобар од тој помеѓу Мадона и Бритни Спирс, Ники изјавила: „Беше подобар, беше романтичен“.
