Викторија Бекам ја шокирала продавачката во еден супермаркет, кога на касата побарала картичка за 25% попуст. Имено, Викторија била во една продавница во Лос Анџелес каде купувала намирници за дома, па сакала да заштеди некој цент.
На нејзиното барање, вработените останале запрепастени и се запрашале дали навистина се работи за Викторија Бекам. Во тоа се увериле кога нејзината асистентка и телохранителот им дале податоци за да ја пополнат картичката за попуст.
Продавачките исто така изјавија дека се зачудиле колку Пош е приземјена личност, а ја набљудувале додека купувала тоалетна хартија, грицки и честитки за малата Харпер. Богатството на Бекамови се проценува на 160 милиони фунти.
