Славниот пар обожава да поминува време во Париз, па моментално се во потрага по идеален стан или куќа во еден од елитните делови на Париз.
На Викторија во Франција најмногу ѝ се допаѓа модата, па баш поради тоа сака да си има постојано живеалиштево градот на светлината.
– Викторија често доаѓа во Париз на модни настани и обожава да го поминува времето тука. Кога ќе се доселат во Париз, ќе настане вистински хаос, едвај чекам, ќе биде одлично, – изјавила Жозефина Леклерц, сопственичка на еден бутик кој Викторија многу често го посетува.
Бекамови веќе поседуваат една куќа на југот од Франција, а имаат имот и во САД и во Велика Британија.