Постојат калсични парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода. Совршен пример е малиот црн фустан. Може да се комбинира на многу начини за најразлични пригоди. Најсигурен избор за прилики кога не знаете што да облечете.
Уште еден таков пример е белата кошула. Иако ја сметаат за вечен хит, не е така едноствна за комбинирање, па еве неколку предлози како да ја искомбинирате белата кошула на малку поразличен начин:
- Облечете бермуди, а ракавите на кошулата подвиткајте ги и раскопчајте ги првите копчиња… лежерен изглед кој нема да остане незабележан.
За ваков начин на комбинирање, најсоодветни се прави не струкирани кошули.

2. Во комбинација со светло здолниште белата кошула е вистинкото решение, не делува агресивно, туку нежно и интересно.

3. За построг впечаток искористете црно/ бела варијанта. Најсигурна комбинација за формални и деловни ситуации.

4. Пантолони со висок струк или широки ногавици најдобро се комбинирааат со кошула ( како примерот на сликата) Доколку сакате да ја нагласите половината и да ја направите комбинацијата поинтересна, ставете широк ремен во светла боја.

5.Бела кошула и фустан може да се комбинираат на повеќе начини. Кариран фустан со бела кошула или поелегантна варјанта црн мал фустан со кошула со широки ракави

Ова беа пет варијации на тема бела кошула, а ги има уште 5555…..
Која е вашата?
