Bridal

Бели гулаби на вашата свадба

Белите гулаб се употребуваат за многу церемонии кои ја слават љубовта, мирот и успехот. Гулабите се појавуваат во многу традиции и култури во светот како симболи: и во Христијанството  во Јудаизмот, и во милитаристички и во пацифистички групи.

Во Христијанството и во Јудаизмот белите гулаби се симбол на мирот. Според Христијанството, во Библијата се вели дека Ноа пуштил бел гулаб по големата поплава да најде земја. Гулабот, како симбол на надежта, се вратил со гранче од маслиново дрво во клунот. Исто така во Христијанството гулабот е симбол на Светиот Дух.

На повеќето христијански свадби се пуштаат бели гулаби како симбол на љубовта и вечната поврзаност на младенците. Според верувањата, белите гулаби ги симболизираат младенците кои во бракот влегуваат чисти и слободни, посветени еден на друг.

Според традицијата, младенците ги пуштаат белите гулаби веднаш по свадбената церемонија во црква, односно кога прв пат пред светот застануваат како маж и жена. Гулабите симболизираат водичи кои треба да им го покажат патот на младенците кон успешен брак.

Погледнете ги овие прекрасни фотографии од оваа интересна и симболична традиција:

 

Напиши коментар