Дестинации

BEQA LAGOON RESORT – рајот на земјата

Номинирано во листата на „ 1000 места кои мора да ги видите до крајот на Вашиот живот “, во „Њујорк Тајмс“, одморалиштето Бега, гостопримливо вклучува 25 приватни вили, обиколени со плава лагуна, водопади и прекрасен поглед кон Јужниот Пацифик. Интимната локација на местото е добро позната и како главен град, од меки корали, на светот во кој се е толку убаво и декорирано во тропска традиција.

Апартманите во одморалиштето се климатизирани, одлично вклопени во традиционалната атмосфера, наредени долж прекрасните плажи и претставуваат прекрасна прилика за Вашиот меден месец од соништата. Ваш е изборот дали ќе се капете надвор или внатре во вилата, со оглед на внатрешните и надворешните бањи, а за целосниот впечаток на стилски уредена вила, умешно се гарнирани приватните градини, убавите езерца и погледот кој Ви го дозволуваат приватните балкони.

Спа третманите вклучуваат традиционални масажи, рефлексологија, масажи со мед и млеко и други модерни начини на релаксација. Ви треба место кое не вклучува напредна технологија, мобилни телефони и коли, а изобилува со мир ?

Добро дојдовте во BEQA.

Напиши коментар