Мода

Без овие парчиња плакарот ќе ви биде „празен“

Burberry Prorsum продолжува да ги одушевува своите следбеници: пред –  Есенска 2012.

Луксузот и сексапилот кој го донесе Bailey од царството на Gucci во англиската мода преку познатата Burberry едноставно не може да се сокрие. Почнувајќи од самиот материјал, но и вниманието што и се дава на самата силуета, се е подредено на продолженото оживување на брендот  кој во последните години доживува неверојатен бум, и покрај рецесијата која успеа да проголта дури и доста познати имиња од светот на модата.

Есента во домот на Burberry сигурно не е тоа што очекувате – просечно семејство сите насмеани; облечени во меки џемпери и  топли чорапи. Напротив, со прикажувањето на пред –  есенската колекција  Christopher буквално им се освети на врелите бои кои го одбележаа неговото претставување на пролетната колекција, така да сега можеме да очекуваме навистина сенешто но не и многу револуционерно.

Земјените бои,  отпечатени мотиви од триесеттите години на минатиот век и ремчиња врзани во панделка кои дополнително ја стеснуваат и така нежната силуета, се главниот акцент на колекцијата и која полека ќе не одведе до она есенската која тек ќе следува. Смирениот Christopher значи само едно, а тоа е дека за само месец и пол ќе го видиме и ќе уживаме гледајќи ја манифестацијата која со својот стил е карактеристична за модерната Британија.

Write A Comment