Неодамна Џастин Бибер беше гостин во емисијата на Дејвид Летермен, каде откри дека никогаш не размислувал за некоја друга работа освен за сегашната, односно за кариерата како пејач.
Тој вели дека одлично си поминува додека настапува низ целиот свет и дека досега има прошетано во многу земји на планетава. Во тој момент, Летермен го замолува Бибер да му ги наброи сите седум континенти на Земјата, па Џастин на почеток храбро тргнува во поход.
Но, по Азија, Северна и Јужна Америка, Антарктик и Африка, тој заглавува. Го спомнува Северниот пол, на што Летермен слатко се смее, а откако Бибер се сети на Австралија, му требаше прилично доста време да се сети и на Европа. Му текнува откако водителот ја спомнува Франција, од каде Џастин неодамна се врати.
Е, сега дали маливе деца и новиве генерации воопшто не учат географија на училиште или тремата си го направи своето, пресудете сами:
httpv://www.youtube.com/watch?v=4mZl31y87Ck&
