ШоуБиз

Бијонсе е трудна, а шета на 12 сантиметри

Иако е веќе бремена пет месеци, Бијонсе не се откажува од високите потпетици. Пред некој ден се прошета низ Њујорк со чевли високи, цели 12 сантиметри.

Штиклите се дизајн на познатиот Алан Квиличи и потсетуваат на лизгалки за на мраз, бидејќи моделот е таков што прстите и петата се споени на висока плаатформа.

Инаку, бременоста на Бијонсе како и нејзиниот стил на облекување трпат бројни критики. Некои ја пофалија дека му остана верна на својот секси стил, а други велат дека нејзината облека не дава пример за примерна и нормална трудница. Како и да е, нејзиното стомаче расте, а од високите потпетици страда најверојатно само нејзиниот ‘рбет.

Дали вие би обуле нешто вакво?

Write A Comment