ШоуБиз

Бијонсе ќе добие дете на чување од татко и?

Таткото на Бијонсе, Метју Ноулс наводно пробал од својата љубовничка да го откупи својот син и да им го даде на Џеј Зи и на Бијонсе, па така да ја заташка аферата. За време на 18-месечната афера со Александра Рајт, Метју бил сеуште во брак со мајката на Бијонсе, Тина. Тој пробал да ја наговори љубовницата да се одрекне од нивниот син Никсон кој бил роден во февруари 2010 година. Со ДНК тест се покажало дека Метју е таткото, но тој никогаш не го запознал својот син.

Рајт тврди дека има снимено разговор во кој Метју ја наговара да ѝ го дадат бебето на Бијонсе, а таа да го одгледа како свое.

–        Првото нешто што си го помислив откако ми го рече тоа беше: „Да не си полудел?“ Ништо на светов не би ме натерало на таков чекор, за никакви пари не би се откажала од својот син. Не можеш да го купиш моето дете! Можеби Метју мислеше дека може сè да купи со пари, па затоа ми го даде тој предлог. Мислам дека никој, па ни Бијонсе не знаеше за оваа идеја, – се изјаснила љубовницата на Метју Ноулс.

Напиши коментар