Иако познатата пејчка е бремена и она што најмалку и е потребно во моментов е стрес, сепак таа ќе мора да се појави на суд поради тужбата која е тешка 100 милиони долари.
Компанијата “Gate Five”, која изработува видео игри, во април годинава ја тужеше познатата пејачка поради повлекување од договорот да се направи видео игра со нејзиниот лик под име “Star power: Beyonce”.
Бијонсе веднаш реагирала, случајот стигнал до Врховниот суд во Њујорк, но сепак нејзниото барање за поништување било одбиено.
Компанијата во април во тужбата навела дека Бијонсе без причина го напуштила проектот кој чинел седум милиони долари и тоа неколку дена пред Божик, а поради нејзниото повлекување биле отпуштени 70 вработени.
Сепак, на крај кој е во право ќе одлучи поротата и судот, а рочиштето се уште не е закажано.
