ШоуБиз

Бијонсе конечно ја покажа својота венчаница

Свадбената церемонија на Бијонсе и Џеј Зи помина во целосна тајност. Сега по три години таа конечно се реши да обелодени по некоја фотографија од свадбата. Венчаницата која Бијонсе ја носела е богата, елегантна и гламурозна како и самата таа.

Во своето најново видео за песната I was here, Бијонсе ги има објавено своите најдраги моменти од животот. Почнувајќи од нејзиното детство, па успесите кои ги постигна во групата во која членуваше, свадбата, големите концерти, јавното соопштение дека е бремена…

На фотографите од нејзината свадба таа е без шминка, фотографирана е во моментите на подготовка.

Освен тоа што таа ги покажа најдрагите моменти со слики, со песната ги отпеа и тешките моменти за да стигне до ова што денес е.

Напиши коментар