ШоуБиз

Бијонсе – мајка во фебруари!

Бијонсе им откри на своите верни обожаватели дека најверојатно ќе стане мајка во февруари, следната година. Додава и дека бременоста на неа влијае доста смирувачки.

–  Со Џеј Зи сме заедно веќе 10 години, дваесетите години ги поминав со него. Иако сеуште многу го сакам, почувствував дека сега е време за дете. Благодарна сум му на на Бог што ме благослови со најголемиот дар со кој едно човечко суштество може да биде благословено. Знам која сум и што сакам. Постигнав многу на професионален план и со ништо досега не сум избрзала. Сега е вистинско време за дете и тоа многу ме радува, – изјавува дивата.

Бијонсе вели дека на почетокот и било тешко да ја сокрие бременоста, но дека сега ѝ е полесно што може да му го покажува својот стомак на целиот свет. Особено ужива во купувањето работи за идниот член на семејството.

Погледнете ги сликите од еден таков ден, кога таа и Џеј Зи, заедно со Кајние Вест уживаат во шопингот:

Напиши коментар