Бијонсе, дали ова си навистина ти?
Не би се сложила, и покрај сиот напор кој е вложен да се направи нешто идентично на Бијонсе со помош на Фотошоп.
Тимот на Бијонсе само што ја постирал оваа слика на Фејсбук профилот на пејачката со насов:
– Прв поглед на Биојнсе на насловната страница од зимското издание на списанието „Jones“. Изданието ќе се појави низ продажните места во Њујорк на 12-ти Декември, а ширум светот на 20-ти.
Инаку, на Бијонсе и е скратен трудничкиот стомак, а искривени се и некои карактеритични линии околу носот и на нејзиното лице.

Што мислите за насловната? Дали оваа типка вам ви личи на Бијонсе и дали по секоја цена треба таа да стои на сите насловни, па дури и кога е бремена?
