И покрај бременоста, пејачката Бијонсе никако не се откажува од некои работи, кои според неа се многу важни. На пример, од високите потпетици. Деновиве е фатена во Њујорк како се шета во убиствено високи тигрести потпетици.
Поточно обожавателите ја забележале во Беверли Хилс. Носела страшно добри штикли со тигрест принт, проѕирна кошула и црни, тесни панталони. Едноставно, Бијонсе не се предава и цврсто се придржува до својот стил.

Уште еднаш покажа дека бременоста не може да ѝ го скрши духот. Таа е неуморна, ја има насекаде, постојано снима спотови и шета со неверојатно високи чевли.
Епа, Бијонсе, секоја чест!

