И познатите се само луѓе, нели? И тие грешат. Некогаш знаат и до солзи да не насмеат, со своите „бисери“.
Иако се познати и славни, тоа не значи дека се и паметни. И тие знаат да кажат погрешни работи, во погрешно време, само што за жал нивните „бисери“ секогаш завршуваат во јавноста.
Еднаш Арнолд Шварценегер изјавил нешто конфузно на тема геј браковите:
– Мислам дека геј браковите се нешто што треба да постои помеѓу мажите и жените, – изјавил и најверојатно мислел на платонска врска. Со оглед на изјавава, не нè ни чуди што неговиот брак неодамна пропадна.
Шварценегер слободно би можел да го сподели престолот со Мараја Кери.
– Кога и да видам на телевизија гладни и страдни деца, се расплакувам. Мислам, би сакала да сум толку слаба, но без тие муви, без смртта наоколу и слично.
Јасно ни е дека Мараја цел живот води битка со килограмите, но не е баш паметно да се споредува со гладните деца од Африка.
Бритни Спирс, пак, ги побркува континентите:
– Никогаш не сум сакала да ја посетам Јапонија. Едноставно не сакам да јадам риба, а знам дека таму во Африка рибата е страшно популарна.
И нејзината колешка, Кристина Агилера не ја совладала географијата баш најдобро. Таа еднаш изјавила:
– И… каде ќе се одржи оваа година Канскиот филмски фестивал?
Се надевам дека не се изгубила.
