ШоуБиз

Блејк Ливели сака да се мажи, ама тешко и оди…

Актерката Блејк Ливели која се прослави со улогата во серијата „Озборувачка“ вели дека баш би сакала да се омажи. Имено, по кратката врска со Леонардо ДиКаприо, кого исто така го гледала како свој иден маж, таа влезе во врска со Рајан Рејнолдс.

Иако се заедно само месец дена, 24-годишната актерка изразила желба дека би сакала да му биде жена на Рејнолдс. За жал, Рајан не е толку загреан за таа идеја, а на пријателите им се доверил дека е загрижен за Блејк и дека не сака да ја разочара или да ѝ го скрши срцето.

Блејк сакала да купат и заедничка куќа во која ќе живеат, но Рајан се спротивставил на тој предлог уште на почеток.

Write A Comment