Мода

Блејзери за секоја пригода

Не е тајна дека ги обожуваме блејзерите, посебно  кога ќе се земе во обѕир дека станува збор за повеќенаменско парче облека, кое би ни послужило во повеќе прилики.  Дали ќе се облече за на работа, за одење на факултет или пак за ноќно излегување, блејзерот добро би ни дошол во овој преоден период, кога ни е потребно да облечеме нешто топло во овој период на пониски температури.

Некогашните дебели, досадни и неугледни блејзери веќе не се во  игра, порачуваат познатите  модни имиња, како и  high street брендовите кои слепо се придржуваат и ги следат директивите на high endot. Ова  есен доминира тартанот преку интересната линија кроеви на Alexander McQueen – McQ, Vivianne Westwood како и J. Crew. Смокинг стилот и понатаму  доминира кај старите мајстори во Yves Saint Laurent, но исто така успешно е презентиран  и од познатиот Stelle McCartney.  Секогаш  актуелниот баршун и ова зима ќе биде актуелен, и ќе биде главен  материјал од кој ќе бидат изработени блејзерите на Miuccie Prade.

Понудата на High street модата нималку не заостанува зад луксузната мода.  Asos нуди цела палета од прекрасни модели во различни бои и кроеви.  Доста се популарни блејзерите a la Chanel, изработени од твид и украсени со синџирчиња, копчиња или обрабени со златно – црни ширити.  Zara би можел да се пофали со гламурозните сакоа, со навезени украси, како и со тренд  примероците со точки кои доминираат на блејзерите во црвена боја. Tuxedo стилот во две нијанси, по значително пристапни цени ќе можат да се најдат на Asos  и на  Topshop.

Write A Comment