ШоуБиз

Близнаците на Мараја глумат ѕвезди:)

Пејачката Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник Канон решиле да ги сликаат своите шестмесечни близначиња и некои од сликите да ги стават на Твитер, на задоволство на фановите. Мараја ги седнала близнаците на кауч и ги сликала. Малата Монро носи розево боди, а Морокан светло сина маичка со вратоврска.

Децата позираат во неколку различни ситуации. На една, малата Монро има книга во рацете, а малиот Морокан глуми рапер и носи очила за сонце и голем златен ланец со привезок.

Близнаците треба наскоро да се најдат во спотот на нивната мајка за песната „When Christmas Comes“. Мараја смета дека оваа идеа е сјајна и е многу возбудена.

Write A Comment